Балкан
12. May 2021 - 16:46

Техничката Влада во Бугарија нема да се откаже од ветото

Привремената Влада на Бугарија стави крај на надежите за старт на преговорите со Унијата барем до оваа есен. 

Техничкиот министер за надворешни работи Стоев денеска ја превзема функцијата од Захариева и го преслика нејзниот став. Вели дека Бугарија ќе го задржи ветото за Македонија бидејќи овој кабинет кој ќе има мандат од два месеци нема надлежност да ги менува официјалните ставови на Софија.

Отсега натаму, сè е во рацете на официјалните лица во Скопје. Тие се многу загрижени за бугарската позиција и не треба да шпекулираат дека ќе има каква било промена во следните 2-3 месеци за време на оваа привремена Влада. Тоа што зависи од официјалниот кабинет на Бугарија и од министерот за надворешни работи ќе биде сторено во насока на продолжување на дијалогот, – додаде Светлан Стоев.

Со свечена заклетва денеска новата техничка Влада на Бугарија која во следните два месеци ќе ја предоводи Стефан Јанев ја превзема функцијата. 

Јанев кој важи за близок соработник на шефот на бугарската држава, порача дека помеѓу приоритетите на неговиот кабинет ќе биде организирање на фер и демократски избори кои се закажани за 11 јули.