Тедрос: Политизацијата на истрагата за потеклото на коронавирусот е штетна
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Адханом Габријесус денеска од редовниот брифинг во седиштето на организацијата во Женева испрати апел до сите земји во светот да не ја политизираат истрагата за потеклото на коронавирусот, бидејќи тоа може да создаде пречки на патот кон дознавање на вистината.
-Ние мора да дознаеме од каде потекнува вирусот за да можеме да спречиме избувнување на нова зараза во иднина. Нема тука што да се крие, сакаме да знаеме од каде потекнува вирусот, рече Тедрос.
Кинеските државни медиуми јавуваат дека вирусот постоел во странство пред да стигне до Вухан, градот во централна Кина, наведувајќи дека тој бил увезен на пакувања со смрзната храна, како и дека во научните часописи пишувало дека уште минатата година вирусот влегол во циркулацијата меѓу луѓето.
Ново на Сител
-
Во Унгарија најголем број новозаразени во последните три месеци
-
Прекин на водоснабдувањето на „Партизанска“
-
Еко-свест: Ако ги игнорираме малите хидроелектрани тие нема да исчезнат
-
Бројот на болни од Ковид-19 во Англија во февруари паднал за две третини
-
Запленета марихуана кај село Радожда, струшко
-
За 56,4 отсто зголемен бројот на нови случаи со Ковид-19, најмногу се од Скопје
-
Американскиот Конгрес откажа седница по предупредување за можен планиран напад
-
Ерупција на вулканот Пакаја во Гватемала