Тедрос: Политизацијата на истрагата за потеклото на коронавирусот е штетна
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Адханом Габријесус денеска од редовниот брифинг во седиштето на организацијата во Женева испрати апел до сите земји во светот да не ја политизираат истрагата за потеклото на коронавирусот, бидејќи тоа може да создаде пречки на патот кон дознавање на вистината.
-Ние мора да дознаеме од каде потекнува вирусот за да можеме да спречиме избувнување на нова зараза во иднина. Нема тука што да се крие, сакаме да знаеме од каде потекнува вирусот, рече Тедрос.
Кинеските државни медиуми јавуваат дека вирусот постоел во странство пред да стигне до Вухан, градот во централна Кина, наведувајќи дека тој бил увезен на пакувања со смрзната храна, како и дека во научните часописи пишувало дека уште минатата година вирусот влегол во циркулацијата меѓу луѓето.
Ново на Сител
-
Анализа: Колку е ефикасен актуелниот состав на македонското Собрание?
-
Дали ќе има одмор на море ова лето: Агенциите веќе продаваат аранжмани за рана резервација
-
Пристигна нова пратка од српската донација вакцини, Владата денеска одлучува по договорот Спутник
-
Тема на денот: Какви политички промени ќе предизвика бегството на Мијалков
-
Угостителите ги поставија масите и го седнаа Битиќи на преговори пред Влада
-
ТФТ домаќин на Берое во дуел од БИБЛ лигата
-
Мијалков и даде нова енергија на опoзицијата, за едни случајот е циркус за други боливудско сценарио
-
Галовеј: Многу е важно јакнењето на довербата во правната држава