Тедрос: Пандемијата може да се стави под контрола ако правилно се распоредат ресурсите
Светот може да ја стави под контрола глобалната пандемија на Ковид-19 во следните месеци ако правилно ги распореди ресурсите, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, на брифинг со новинарите.
„Имаме средства да ја ставиме оваа пандемија под контрола за неколку месеци, доколку ги примениме доследно и правично”, рече Тедрос.
Сепак, тој изрази загриженост за „алармантната стапка” со која Ковид-19 се шири меѓу оние на возраст од 25 до 59 години низ целиот свет, веројатно поради појавата на многу позаразни варијанти.
„Беа потребни девет месеци да се достигне бројката од милион починати, четири месеци да се достигнат два милиона и три месеци да се достигнат три милиони”, рече Тедрос.
Активистката за климатски промени, Грета Тунберг, приклучувајќи се на брифингот како виртуелен гостин од Шведска, се спротивстави на „вакциналниот национализам” и рече дека е неморално богатите земји да им даваат приоритет за вакцинирање на своите помлади граѓани, пред ранливите групи во земјите во развој.
Ново на Сител
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид