Тече рокот за приговори за вториот круг од изборите
Партиите уште денеска можат да поднесат приговори до Државната изборна комисија (ДИК) за вториот круг од локланите избори. На веб - страницата на Комисијата до утрово нема внесено приговори за вториот круг од изборите за градоначалници иако некои кандидати веќе најавија.
ДИК, по приемот на приговорите е должна во рок од 48 часа да донесе одлука.
Против одлуката на ДИК, може да се поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Управиот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.
Рокот од 24 часа за поднесување приговори за повреда на личното избирачко право истече. На денот на изборите поднесени се четири приговори од граѓани кои не биле запишани во Избирачкиот список, но Комисијата ги одбила зашто граѓаните извадиле лични документи по завршувањето на јавниот увид.
Ново на Сител
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Ахмети до Мицкоски: Внимавај што зборуваш, Мицкоски му возврати да се подготви за опозиција
-
Оштетена пратеничка канцеларија
-
Најавена тужба за клевета
-
МОН бара решение како основците да не учат во сабота
-
Ученик претепал наставничка
-
Лабораторијата без кадар, Токсикологија во хаос!
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори