Македонија
22. September 2020 - 20:32

Театрите, кината, операта и балетот ќе работат според Протоколот за организирање настани

Владата, на денешната 5-та седница го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести согласно кое кината, театрите, оперските претстави, балетските претстави, другите манифестации со филмски проекции, мултимедиумските проекти, фестивалите и други манифестации од дејноста на културата ќе работата според Протоколот за организирање на настани.

– На предлог на Комисијата за заразни болести денеска Владата ги усвои и Протоколот за работа на природните лекувалишта за услови на пандемија со КОВИД-19, како и Протоколот за работа на едукативните центри, музички училишта и центри/училишта за странски јазици во услови на епидемија со КОВИД-19, соопштија од владината прес-служба.