Македонија
21. November 2017 - 15:53

Театар за деца и младинци донира влезници за деца од Заводот за рехабилитација на деца и младинци и ПОУ 2Др.Златан Сремац“

По повод одбележувањето на Светскиот ден на детето, Н.У. Театар за деца и младинци ќе го даде својот придонес за најмладите со донирање влезници за децата од Заводот за рехабилитација на деца и младинци – Скопје за претставите што ќе се одржат на 24 ноември, како и влезници за децата од установата  ПОУ „ Др. Златан Сремец” за претставата што ќе се одржи на 6 декември.

- Со ова се надеваме дека ќе ја подигнеме социјалната свест  и грижата за нашите најмлади, информираат од Театарот за деца и младинци