Театар Комедија во новата сезона со претстави и в недела
Во новата сезона Театар Комедија го збогатува репертоарот и го воведува денот недела како ден во кој ќе се случува театар.
Како што информира Тетар Комедија, во неделите ќе гостуваат приватни проекти кои се во жанрот на комедијата.
Акцијата „Среќна недела“ почнува в недела, 16 октомври со претставата „Приказните на заборавените претци“ во продукција на Народен театар Слојштица.
Претставата „Приказните на заборавените претци“ е во режија на Андреј Цветановски, а во неа играат Дамјан Цветановски, Тони Денковски, Сергеј Димовски и Исидор Јованоски.
„Приказните на заборавените претци“ е премиерно изведена на 28 август во село Слоештица како дел од фестивалот Славење на пирејот. Материјал за создавање на претставата се приказните пренесувани од Дедо Илија Кочовски.
Ново на Сител
-
Албанската опозиција во кампања со поддршка од косовскиот премиер
-
Анкета на ИРИ: Србите најголеми пријатели, Бугарија најголема закана за Македонија
-
Младите се пречесто на социјалните медиуми – не пребаруваат за политика
-
Наместо зголемени плати за 12%, вработените во култура не добија никаква плата за март - најавија протести
-
Доживотна казна затвор за кочанчанец кој усмрти жена на свиреп начин
-
Приватните специјализанти од понеделник се селат пред здравство
-
Стартува кампањата за парламентарните избори
-
Уште 5 дена кампања за претседателските избори