Македонија
16. August 2018 - 10:28

„Теактер студио“ наскоро со премира во Куманово

Младите актери од Куманово под менторство на актерот Горан Илиќ во рамки на „Теактер студио“  ја подготвуваат  четвртата претстава  „Ајде уште по една за… Роденден“ по текст на Харолд Пинтер. Пробите интензивно се одржуваат во кумановскиот театар, а наскоро се очекува и премира пред кумановската публика.

Младите актери Мишо Димитријевски, Давид Илиќ, Никица Јанковски и Матеј Стојковски, студенти на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА велат дека ова е одлична можност да се надградат и презентираат пред јавноста. Ликовите, додаваат се комплексни, но тоа не ги спречува да работат напорно и да се подготват за премиерата.

- Ликовите кои ги толкуваат преминуваат од маченици во мачители, комплексни ликови кои ја прикажуваат мрачната страна на општеството, појаснува актерот Илиќ.

Ова е четврта претстава на „Теактер студио“ преку кое студентите-актери од Куманово се презенираат пред публиката.