Loading Video...
Спорт плус
21. May 2018 - 18:58

TЦР Европа: Скромен настап на Македонците

Скромен ден за нашите автомобилисти на трката во Зандворд Холандија каде се возеше шампионатот  од ТЦР  Европа.

Виктор Давидовски со својата Хонда беше на 15. место, едно пред Игор Стефановски-Иџе во кој вози Хјундаи и беше 16-ти откако вчера влета во инцидент на стартот.

          Триумфираше Британецот Џош Мајлс кој со оваа победа изби на третата позиција со 50 поени додека првото место го делат Србинот Брковиќ кој денеска беше 18-ти и Шпанецот Азкона кој го освои 6. Место.

          Иџе Стефановски е 14-ти со 6 поени.