Живот
8. July 2016 - 13:32

Тажно: Има само 10 години, а тежи 192 килограми

Арја Перман од Индонезија има само 10 години и тежи 192 килограми. Тој ја има неблагодарната титула - најдебело дете на светот.

Докторите немаат некое објаснување за ваквата негова состојба, освен тоа и под итно мора да ги смали порциите. Тој дневно има пет оброци, а секој оброк би бил доволен за све возрасни лица. Јаде ориз, телешко и зеленчук.

Арја поради тежината не може да оди на училиште, па учителите доаѓаат кај него дома. Учителката вели дека момчето е исклучително паметно и му предвидува светла иднина.

-Постојано е уморен и се жали дека останува без здив. Само јаде и спие, а кога ќе заврши со јадење влегува во када и со часови седи таму, вели неговата мајка.