Џет-Сет
21. October 2015 - 17:43

Тажни вести за Шумахер

Седумкратниот светски шампион Михаил Шумахер се наоѓа во тешка здравствена состојба бидејќи изгубил 40 отсто од телесната тежина. 
 
Шумахер се опоравува од тешката несреќа во 2013 која му се случи за време на скијање, кога си ја повреди главата. Тој беше во кома со месеци, а откако се разбуди, е на домашно лекување во својот дом во Швајцарија. 
 
За неговото здравје моментално се грижат десетина медицински лица, но не сакаат да откријат повеќе детали за случајот.