Свет
9. July 2018 - 11:06

Тажната судбина на тренерот: Пораснал како сираче, сакал да биде монах, а потоа им се посветил на децата

Главниот тренер на тајланскиот фудбалски тим, Нопард Кантавонг  го помина тоа утро на 23. јуни, подготвувајќи го својот млад асистент  Eкапол Чантравонг за важна задача: да води грижа за децата. 
 
- Погрижи се да возиш велосипед позади нив додека патувате, така ќе можеш да ги имаш на око, вакава порака му напишал главниот тренер на  Фејсбук.
 
- Пази се, му додал тој. 
 
Во часовите кои следеле се случил драматичен момент: Потрага по децата кои се пронајдени живи во пештера по 9 дена опкружени со вода, а потоа и напори за спасување. 
 
Напорите за извлекување на момчињата вклучувајќи екипи од илјадници нуркачи, инжињери, воени лица и волонтери од целиот свет, вклучувајќи го и Лион Маск, милионер кој изгради подморница за спас на децата. 
 
Многумина го обвинуваат тренерот дека требал да го знае ризикот во пештерата пред сезоната на монсуските дождови. 
 
Ова е момчето кое прво го спасиле, според првичните информации, тој меѓу нив било најслабо бидејќи  на момчињата им давал храна, исто така ги учело момчињата како да медитираат и како да ја чуваат енергијата додека не ги пронајдат. 
 
Некои можеби го обвинуваат, но некои родители го поддржуваат. 
 
- Да не одеше со нив, што би се случило со моето дете? , рекла мајка на едно дете кое е уште  во пештерата. 
 
- Кога ќе излезе, мораме да го излекуваме неговото срце. Драги Ек, никогаш не би те обвинила“, изјавила друга мајка. 
 
Екапол е сирак кој ги изгубил родителите пред 10 години, велат пријателите. После тоа сакал да биде монах но го оставил манастирот за да се грижи за неговата болна баба. 
 
Децата го потсетувале на неговото детство, бидејќи многумина растат во сиромаштија или се припадници на други етнички групи без државјанство што тоа е вообичаено во оваа област. 
 
- Ги сака момчињата повеќе од себе, рекол неговиот долгогдишен пријател.
 
- Тој не пие, не пуши. Се грижеше за себе и ги учеше децата да го  прават исто, додал неговиот пријател.