Свет
13. July 2017 - 16:58

Тажна вест: Во затворска болница почина познатиот нобеловец и дисидент

Кинескиот дисидент и добитник на Нобелова награда за мир Лиу Сјаобо денеска почина на 61 година, откако ја изгуби битката со канцерот, соопштија кинеските власти.

Тој имаше рак на црниот дроб и пред еден месец беше префрлен од затвор во болница во градот Шенјанг.

Во соопштението од локалните власти се наведува дека Лиу починал откако му откажале повеќе органи.