Живот
17. May 2019 - 11:42

Тажна вест: Почина славната манекенка Ешли Масаро

 Поранешната кечерка и манекенка Ешли Масаро почина десет дена пред својот 40. роденден. Американката била во нејзиниот дом кога ѝ се слошило. Веднаш била пренесена в болница, каде што и починала.

Причините за смртта сè уште не се разјаснети, но полицијата соопшти дека нема траги од насилство.

Масаро беше една од најголемите ѕвезди во американското кечерство меѓу 2005 и 2008 година. Подоцна, таа се обиде и како модел и како учесник во реално шоу, а се појави и на насловна страница на списанието „Плејбој“.

Ешли зад себе остави 18-годишна ќерка.