Тажна вест: Почина првенката на Македонската опера и балет
Почина првенката на балетот, Јагода Сланева, соопшти Македонската опера и балет.
Сланева (1949) работеше во балетот на МОБ од далечната 1968 година, до нејзиното пензионирање во 1993 година.
Во балетските претстави настапуваше како Ширин во „Легенда за љубовта“; Суламка во „Песна над песните“; Дојрана во „Лабин и Дојрана“; Марија во „Бахчисарајска фонтана“; Китри во „Дон Кихот“; Снежана во „Снежана и седумте џуџиња“; Џулиета во „Ромео и Џулиета“; Звончица во „Петар Пан“; Кармен во „Кармен суита“ и многу други. Како кореограф ги постави „Мансарда“; „Простување со Тања“; „Ричард III“; „Сказна за сказните“ и др. На оперската сцена настапуваше во „Орфеј и Евридика“; и „Продадена невеста“, а како репетитор во „Распучин“; „Дон Кихот“; „Кармина Бурана“ (каде беше и асистент кореограф); „Пинк Флојд Revisited“ и други.
Комеморација по повод смртта на Јагода Сланева, ќе се одржи в четврток, 19 октомври во Македонската опера и балет, со почеток во 11 часот. Посмртните останки на Сланева ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта Бутел, в четврток од 13:30 часот до 14:30 часот, а погребот ќе се изврши во 14:30 часот.
Ново на Сител
-
Велигденска честитка на на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел