Тажна вест - Почина познатиот македонски актер
Ненадејно почина македонскиот театарски и филмски актер и долгодишен член и соработник на Велешкиот театар Ѓорѓи Бисерков Дампе.
Ѓорѓи Бисерков Дампе е роден во Велес, во 1941 година. Од 1960 до 1964 година бил вработен како член на ансамблот на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ во Велес, а од 1975 година бил ангажиран како постојан надворешен соработник.
Негови позначјани актерски остварувања на театарската сцена се Мирко во „Кула вавилонска“, Мане во „Зона Замфирова“, Љубомир во „Покојник“, Луков во „Црнила“, Теодос во „Чорбаџи Теодос“, Војводата во „Суд“, Кандилов во „Кукавичино јајце“, Жика во „Сомнително лице“, Кајгана во „Женидба“, Зганарел во „Дон Жуан“, Астров во „Вујко Вања“, Гласникот во „Антигона“, Осип во „Ревизор“, Гласникот во „Ифигенеја во Авлида“, Корифејот во „Бакхи“, Гегата во „Сердарот“, Трговецот во „Филоктет“, Полковникот во „На полковникот нема кој да му пишува“, Клопен Тројфу во „Ѕвонарот на богородичната црква“ и Гласникот во „Орест“.
Бисерков играше и во некои од најзначајните македонски филмови како „Среќна Нова 49-та“, „Јазол„, „Хај фај“, „Викенд на мртовци“, „Тетовирање“, „Македонска сага“ и „Големата вода“.
Погребот ќе се одржи утре во црквата „Свети Спас“ во Велес.
Ново на Сител
-
Соработувале со Русите и планирале да ја саботираат армијата, Германија уапси две лица
-
Приведени крадци во Битола
-
Гвардиола: Главната работа во фудбалот е да постигнеш гол
-
Артета: Арсенал имаше многу периоди на доминација, но тоа не беше доволно да го поминеме Баерн
-
Анчелоти е прв кој три пати го исфрли Гвардиола од ЛШ
-
Приватна средба на полскиот премиер со Трамп
-
За брзо возење казни за 140 возачи на територија на цела држава
-
Најмногу дожд во Виница 32 литри на квадрат, најстудено на Попова Шапка минус три степени