Живот
24. May 2019 - 13:48

Тажна вест: Почина познатата српска актерка, засекогаш ќе остане запаметена по овие улоги

 
На 75 годишна возраст во Белград почина ѕвездата на југословенскиот и српскиот филм, Душица Жегарац, соопшти Здружението на филмски уметници на Србија.

Жегарац е родена во 1944 година во Белград.

Таа беше мниогу популарна во поранешна Југославија поради врвната глума за што доби и Златна арена во Пула за главна улога во филмот ,,Кладење“, како и за улога во филмот ,,Посебен третман“.