Македонија
15. јуни 2017 - 11:29

Тажна вест: Почина познат скопски бизнисмен

 
Познатиот скопски бизнисмен Владимир Лазов – Буцо починал синоќа. Голем број  на негови пријатели на „Фејсбук“ се простуваат од скопската легенда – објави емагазин
 
„Уште една скопска легенда замина на оној свет, Буцо Лазов, идол на повеќе генерации. Почивај во мир“, напиша Александар Ружин.
 
Лазов беше сопственик на компаниите „Еуролинија“ и „Лазов груп“ за кои во 2014 година беше отворена стечајна постапка. Буцо беше познат по тоа што беше сопственик на завидна колекција уметнички слики од познати македонски и југословенски сликари, кои потоа поради финансиска криза почна да ги распродава. Исто така, поседуваше и завиден возен парк, но и колекција на познати марки часовници и пури.