Тажна вест: Почина познат македонски писател
По повод смртта на Иван Ивановски утре во 11:30 часот во Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи комеморативна седница. За животот и делото на Ивановски ќе зборуваат претседателот на ДПМ Веле Смилевски и театрологот Јелена Лужина.
Ивановски роден е во Дебар во 1930 година. Долги години беше уредник во Македонското радио. Беше член на ДПМ од 1967 година.
Тој зад себе остави богат и разновиден опус како поет, раскажувач, писател за деца и театарски критичар. Автор е на стихозбирките „Ветки од љубов“, „Варијации“ и „Водоскоци на сонот“, како и на голем број книги од областа на театрологијата, меѓу кои: „Волшебникот на сцената“, „Плима и осека“, „Незаборавни средби“, “На своја почва“, „Во чекор со времето“, „Македонската театарска критика и театрологија“, „Пред кренатата завеса“ и „Половина век театар во Македонија“. Меѓу книгите за деца се „Врти се врти вретенце“, „Ах ти мило детенце“ и „Штурчевото дуќанче за музикалии“.
Иван Ивановски е добитник на високи награди од областа на литературата, театарот и публицистиката, меѓу кои: „Мито Хаџивасилев“, „Крсте Мисирков“, „13 Ноември“, „Војдан Чернодрински“, „Димитар Митрев“, како и на двете највисоки државни награди „11 Октомври“ и „Св. Климент Охридски“
Ново на Сител
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година