Македонија
3. јуни 2019 - 14:42

Тажна вест: Почина пејачот Момо Николоски

Почина Момо Николоски, македонскиот пејач кој не успеа да ја добие битката со тешката болест.

Тажната вест ја објави на Фејсбук неговата сопруга, а семејството и пријателите праќаат пораки за сочувство.

Валбурга редовно информираше и за здравствената состојба на Момо при неговата хоспитализација. Бараше помош и поддршка, но Момо го загуби животот.