Балкан
15. May 2017 - 21:22

Тажна вест: Почина легендарниот квиз-натпреварувач

Мирко Миочиќ, најпознатиот хрватски учесник во бројните квизови на знаење, починал денеска на 61 година во општата болница во Задар по компликации со запаление на белите дробови, објавија медиумите во таа земја.

Миочиќ во март завршил во болница поради компликации поврзани со дијабетес, а поради што му беа ампутирани и двете нозе.

Заради неговото огромно знаење луѓето го нарекоа „Гугл во движење“, а учествувал на квизови повеќе од триесетина години, од познатата „Квискотека“, до „Кој сака да биде милионер“, сѐ до последниот настап во улога на ловец во „Потера“.