Фудбал
23. July 2016 - 10:39

ТАЖНА ВЕСТ: Почина Душко Мандаровски

На 55-годишна возраст вчера ненадејно почина Душко Мандаровски, наш долгогодишен фудбалски работник и човек кој неуморно придонесуваше за развој на фудбалот во нашата земја. Душко Мандаровски беше претседател на Општинскиот фудбалски Сојуз – Кисела Вода, објави спортскиот портал ЕКИПА.

Душко Мандаровски беше блиску до фудбалот, извршувајќи ја функцијата член на комисијата за натпреварување при ФФМ, а беше член и на Собранието на Фудбалската федерација на Македонија.

Погребот ќе биде извршен денеска (сабота) во 11:30 часот на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје.