Тажна судбина: Тинејџерка (18) си вградила силикони и животот и се претворил во пекол
Линда Перез била тинејџерка која била несигурна во својот изглед и сакала да изгледа подобро. Одлучила по хируршки пат да ги зголеми градите.
Оваа 18-годишна девојка има син и не можела ни да замисли дека таа операција скапо ќе ја плати.
Избрала тоа да го направи во козметичкиот центар во Мајами и отишла на операција во 2013 година, кога имала 18 години. Пред тоа еднаш веќе била на операција за зголемување на задникот, така што ова и била втора операција.
Само 5 минути по операцијата, нејзиното срце почнало да чука поспоро и крвниот притисок и се спуштал се додека не паднала во кома. Анестезиологот Марио Алберто Дијаз дал се од себе да ја поврати, но не успеач и итно ја однел во болница каде лежела со недели.
Поради недостаток на кислород, мозокот веќе и бил многу оштетен. Не можела да оди, ниту да зборува. Морала да зависи од другите, кои ја бањале, хранеле, ја воделе во бања и се останато.
-Им велам на мајките и на ќерктие да размислат добро пред да се одлучат за таа клиника, зошто никогаш не се знае како ќе излезе. Треба себеси да се прифатат такви какви што се, природни, вели Мариела, мајката на Линда.
Докторот кој ја оперирал Линда бил осуден злосторник кој служел 30 месеци во федерален затвор поради трговија со опијати. Синот на Линда сега има 4 години и нејзините родители на суд барале законско старателство над детето.
Мајката на Линда вели дека се уште очајно им е потребна помош. Наведе дека нивната ќерка сега повторно е како бебе и треба да учи повторно како да јаде, други мора да ја носат во тоалет и мора да учи да оди како мало дете.
Меѓутоа докторот кој е виновен за состојбата на Перез, поднел жалба зошто сметал дека медицинската документација за нејзината состојба е скриена од него пред операцијата.
Доктор Џејкоб Фрејман вели дека „здравествените проблеми кои ги имала Перез се слични на оние кои ги имала кога го раѓала своето дете“.
-Кога се врати од болница беше како билка, вели мајката на Перез.
Семејниот адвокат Марк Ејгларш рече дека ќе дознае што тргнало наопаку и као тоа една 18-годишна девојка по операцијата станала како билка.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација