Живот
13. May 2016 - 22:42

Тажна исповед: Ќерка и починала од хероин, а нејзината порака го обиколи светот!

Кога нејзината ќерка се борела со зависноста од хероин, Кетлин Ерико тоа го чувала во тајност. Но, откако Келси починала на само 23 години, оваа мајка од Масачусетс одлучила да ја сподели својата приказна со надеж дека ќе им помогне на луѓето со овој проблем.
 
- Мислам дека тоа е како епидемија и се шири толку многу што луѓето забораваат дека тоа се нечии деца, - изјавила Ерико за „LittleThings“.
 
Од 2002 до 2013 година, бројор на починати од предозирање од хероин во САД се четири пати поголеми, според податоците од Центарот за контрола на болести и превенција. Растот е забележан и кај двата пола, кај луѓе со различна имотна состојба и старосна група.
 
- Сакам луѓето да знаат дека Келси беше личност, моја ќерка, беше мајка, сестра. Сакаше да живее и тешко се бореше од дена на ден против зависноста, - вели нејзината мајка.
 
Ерико го објавила овој статус на Фејсбук со цел да ги запознае луѓето со проблемот низ кој таа и нејзината ќерка минале.
„Мојата убава Келси... Се надевам дека од небото, гледаш колку те сакав и колку луѓето се погодени од твоето предвремено заминување. Ова е вистински доказ дека остави впечаток на секој кој те запознал. Никогаш не мислев дека Бог толку брзо ќе те повика. Во последниве години, беше борец додека се бореше со зависноста. Зависноста, сепак ја доби војната. За луѓе кои не разбираат што е зависност, ти си само уште една статистика која донесе лоша одлука. Ти си мајка, сестра, тетка, внука, пријател, роднина, човечко суштество и зависник. Ти никогаш не се грижеше за мислењата на другите. Никогаш со своите прекрасни очи не го гледаше она што ние другите го гледавме. Гледаше искривен израз во огледало. За ссебе зборуваше дека си нестабилна, невротична, нсреќна, осамена... Зависноста ти велеше дека не си вредна за ничие внимание. Херионот ти зборуваше дека не можеш да се чувствуваш добро, нормално, сакано.. Она што хероинот не ти го кажа е дека остави семејство во солзи, семејство кое те сакаше и почитуваше.“
„Две години се бореше, одеше на рехабилитација, за да го вратиш својот живот. Напорно работеше на себе, но демонот се уште те демнеше. 10 месеци беше „чиста“, но Бог имал други планови. Родителите кои го загубиле детето поради ова епидемија се поврзани како никој друг. Мојот текст за тебе е споделен повеќе од 50.000 пати. Ми се јавија да ја кажам приказната во една емисија за да се прошири низ светот. Мојот план успеа, а ти мое девојче не можеш да бидеш овде физички, но од небото правиш чуда и како мајка можам да бидам горда.
Те сакам, девојче мое. Свети од горе кон твојот син и твојата мајка и продолжи да правиш чуда од небото. Те сакам и ќе те сакам засекогаш...“