Таубер: Германија нема да ја смени политиката кон бегалците
Конзервативната Христијанскодемократска унија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел нема да ја промени политиката кон бегалците, изјави генералниот секретар на партијата Петер Таубер по вчерашните регионални избори во Германија.
И вицепремиерот Зигмар Габриел, лидер на социјалдемократите наведе дека Германија „има јасна линија за политиката кон бегалците и ќе се придржува до неа“.
Христијансоцијалната унија (ЦСУ), баварски партнер на Христијанскодемократска унија ја критикува политиката на Меркел кон бегалците и инсистира на промена на курсот.
- Причина за лошите изборни резултати на ЦДУ е политиката која дозволува бескраен и неконтролиран бран на бегалци. Единствена логич/на последица е да се смени политиката кон бегалците изјави пратеникот Ханс Михелбах.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи