Живот
28. September 2016 - 17:16

„ТАТО“ СЕ ПОРОДИ, „МАМА“ ВО СОЛЗИ: Трансроден пар доби бебе, тие се први во свет на кого ова им успеа!

Овој трансроден пар е прв пар во светот во кој таткото донел на свет дете кој го добил со својата жена.

Фернандо Мачадо, кој некогаш бил жена, ја запознал пред две години на социјалните мрежи Дејана Родригез, која некогаш била машко и започнале врска, пренесува express.co.uk.

Дајана Родригез се појави на сите насловни страни во Еквадор во 2013 година каде што стана првата трансроден кандидат за членство во владата.

Парот одлучил на сите да им ја обелодени својата врска со поставување на фотографии на Фејсбук.

Покасно се одлучиле да добијат дете, а тој набрзо дознал дека е во бремен.

Било потполно можно да имаат дете, затоа што никој од нив не бил подложен на операција за промена на полот.

Поставувајќи фотографија напишале: - Нашиот син не е само благослов, тој ја промовира љубовта.

Родригез која е родена како маж и се викала Луис изјавила: Сеуште не сме смислиле име, или можеби сме само чекаме да го објавиме.

- Мислев дека никогаш нема да станам мајка, со оглед дека дека сум трансродна. Законот предходно налагаше, дека ако сакаш да бидеш признат како жена, мораш да бидеш кастриран. Ние сме исти како сите семејства. Иако можеби немаме исти права како другите, ние сме исти, додава Родригез.

Новите родители предходно зборуваа за нејзината борба да каже на своето семејство дека сака да го смени полот.

- Ние живее како маж и жена. Јас сум трансродна жена, а Фернандо е трансроден маж. Процедурата да стигнеме до тука беше компликувана за двајцата, вели Родригез и додава „Познавајќи ги својте права, одлучивме да додадеме уште еден член во своето семејство.

Господинот Мачадо вели дека почнал да плаче од среќа и страв кога дознал дека е бремен.

- Никогаш се немам чувствувано вака. Сега конечно сум комплетно среќен, изјавил тој.

Овој пар е еден од најценетите парови во Јужна Америка.