Македонија
24. August 2018 - 16:18

Таткото на малата Ева: Лекарите се виновни за смртта на мојата ќерка, државата не помогна

Докторите го убија моето дете со овие зборови таткото на починатото 11 годишно девојче од Коњско обвини дека државата во ниту еден случај не постапила правилно при лекувањето на Ева од третманот со хемотерапиите ,па се до до носењето на одлуката за одење во странство. И покрај тоа што нејзината болест се вратила повторно , таа имала шанси да се бори за да се излечи во Германија .

Треба да се направи сè за нашата трагедија да не му се случи на друго дете. Не е важно  колку срдества државата ќе потроши ако спаси еден детски живот вели Крстаноски.

Од Фондот з аздравствено осигурување дека одлуката за лекување во странство ја донесе лекарската комисија врз основа на добиените медицински податоци и конзилијарното мислење, како и врз основа на добиените понуди од странските болници. Потенцирајќи дека понуди од болниците во Гисен и Дизелдорф не се добиени ниту презентирани во Фондот од страна на барателот. Понудата од болницата во Дизелдорф која е презентирана во јавноста, воопшто не била ниту доставена ниту презентирана во Фондот.