Македонија
12. November 2019 - 16:43

Таткото на Бојан Јовановски го призна нападот врз свештеникот Виктор Стојчев

Миле Јовановски, таткото на Боки 13 призна дека на Божиќ 2017-та го претепал попот Виктор Стојчев. На денешното судење, Јовановски рече немало да одговара за насилство ако свештеникот не употребел навредливи зборови за неговиот син.

Јовановски во судцницата додаде оти откако неговот син бил притворен, свештеникот Стојчев продолжил со провокациите. На социјалните мрежи пишувал дека во нивниот дом доаѓа половина влада и странски дипломати. Стојчев најави дека за овие навреди ќе побара дополнителна одговорност од Јовановски.

Пресудата за Јовановски кој одговара за насилство, судот ќе ја објави во понеделник. Според обвинението, кавгата меѓу Стојчев и Јовановски настанала поради паркинг простор на улицата каде живеат. Свештеникот не можел да влезе во својот двор бидејќи бил паркиран автомобилот на Боки 13. Тој го тргнал возилото но неговиот татко почнал со со боксови и клоци го претепал свештеникот Стојчев.