Свет
18. February 2020 - 8:30

Таткото на Асанж загрижен поради можна смртна казна за неговиот син во САД

Таткото на Џулијан Асанж, основачот на Викиликс, Џон Шиптон, изрази загриженост дека неговиот син ќе се соочи со смртна казна доколку биде екстрадиран во САД.

Во интервју за Би-Би-Си, пред контроверзното сослушување за екстрадиција што треба да започне следната недела, тој нагласи дека е загрижен за здравјето на Асанж затоа што е „постојано анксиозен“.

САД го бараат Асанж по 18 обвиненија за обид за хакирање, истекување информации и кршење на Законот за шпионажа.