Живот
4. May 2016 - 20:18

Таткото го напуштил семејството истиот ден кога го видел лицето на својата новородена ќерка, по многу години се случило чудо

Кратка сукња, високи потпетици, долга коса, убава фигура - од позади таа изгледа како и секоја друга девојка, но откако ќе се сврти, луѓето се плашат.

Се започнало пред 21. година кога Ирина, мајката на малата Катја забележила длабоки брчки на лицето на бебето. Воспоставено е дека има ретка болест т.е прерано стареење. Таткото на Катја изјавил: „ Не можам да го поднесам ова дете“ пред да ги напушти. 

curica-2

Овие деца живеаат многу кратко, но Катја имала среќно детство и живеала со нејзината мајка секој ден како да и е последен. 

Додека растела, Катја морала да ги трпи закачањата во училиште како на пример „ зашто се претвараш во дете, ти си баба, зошто носиш кратка сукња“, Кога и да ги слушнала тие навреди, секогаш плачела.

 Катја со години сфаќала дека е поинаква од другите и не сфатила зошто тоа го заслужила, но била решена да го промени тоа. Сакала да ги победи луѓето со своето знаење, шарм и љубезност. 

cura

Во тоа и успеала. Катја станала омилена во училиште и имала доста пријатели кои ја бранеле. Се прифатила себе си и помислила колку е интересно што постојат само 20 луѓе во светот како што е таа. 

Радоста на Катја секој ќе ја забележи кој ќе ја запознае и пораснала во млада жена полна со самодоверба. Нејзините планови за живот? Нормално, да биде среќна. 

Многу девојки на нејзини години се плашат да излзат од куќата без шминка, додека на Катја тоа не и е проблем. Многу нејзини пријатели останале воодушевени од нејзиниот шарм и внатрешната убавина. 

cura-2

Катја го запзонала својот маж случајно, така што по грешка ја поканил на состанок. Решиле да се запознаат и романсата настанала. Катја по некое време станала најсреќната невеста.

Иако многумина ја критикувале за оваа одлука, Катја и нејзиниот маж решиле да имаат дете и по 9 месеци родила здраво машко дете. 

sin

- Се чуствувам добро и самодовербата ми помогна низ сите тешкотии. Сега јас и мојот маж сме наградени со прекрасен син - што може да биде подобро?, вели Катја.