Неговата девојка Роса Кастељанов Дијаз целата бременост ја лажирала, лажејќи ги семејството и пријателите. Ги лажела и дека се породила. Потоа рекла дека едното дете и умрело, а другото останало во болница. Дури организирала и погреб.
Ожалостените се менувале во носењето на ковчегот и на родителите им упатиле емотивни пораки.
Меѓутоа, пријателите на Мендоза следниот ден се посомневале во приказната на Роса, па се вратиле на гробиштата, и го зеле и Мендоза со себе. Го откопале сандакот и внатре пронашле пластична кукла. За случајот ја известиле полицијата.
Роса изгледа смислила бизарен план како Мендоза да го задржи покрај себе. Како што се наведува, таа 9 месеци се преправала дека е бремена и кога дошло време за породување, од родното место се упатила во Тегусигалапа. На Мендоза му соопштила дека едното дете починало, а по неколку дека се појавила со ковчегот велејќи дека не смее да се отвара иако постои тој обичај во оваа земја.
Според пишувањето на медиумите, Мендоза нема да ја тужи Дијаз.