Татко ми почина од мозочен удар, а не од коронавирус, вели синот на Амди Бајрам
Синот на Амди Бајрам, Габриел посочил дека татко му починал од мозочен удар а не од коронавирус, пишува Фокус.
Дента пред да почине, се беше во ред, никој не можеше да претпостави што не чека. Но, вчера, во околу 11 часот, мајка ми сакала да го разбуди, кога забележала дека устата му е помодрена, а тој бил во несвесна состојба. Поради дијабетесот со кој се бори долг период, сме имале слични случки, таа веднаш му измери шеќер, бројките покажаа 1,2. Повикавме брза помош, дојдоа, и заминавме право во клиниката на д-р Жан Митрев. По патот тој беше свесен. Кога стигнавме во болницата, чекавме околу десет минути пред вратата на ургентното одделение, тогаш татко ми почина на носилката, пред влезот.
Внатре го внесоа веќе починат, а ние останавме да чекаме околу час или два. Од она кое го знаеме, тој починал од мозочен удар, а не од корона вирус. Ни го дадоа телото од болницата, ние си заминавме дома да ги испочитуваме нашите обичаи – раскажа Габриел за „Фокус“.
Појасни дека не ни знаеле дека Амди е позитивен на вирусот, бидејќи тестот од пред два дена му бил негативен, но и покрај тоа, ги почитувале сите мерки за заштита.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто