Татко ја запалил тригодишната ќерка: Кога кажал зошто сите ги оставил без текст
Едвард Херберт (43) е обвинет дека својата тригодишна ќеркичка ја полил со бензин и ја запалил.
Херберт тоа го направил пред очите на својата партнерка со која цел ден пиел и пуштел марихуана во Перт во Австралија.
Овој монструм околу полноќ влегол во собата и ја запалил помалата ќерка, а другата (7) ја полеал со бензин.
Според сведочењето на неговата партнерка, се заканувал дека и нејзе ќе ја запали и ја нарекувал кучка. Неговиот син за тоа време спиел во другата соба.
Жената на суд изјавила дека Едвард и се заканувал со нож дека ќе ја убие ако се помрдне.
Соседот Даниел Мекмилан слушнал бука и вресоци и се посомневал дека дома се случува нешто необично. Кога дошол кај Едвард го затекнал како пие пиво во кујната..
Блетал во собата од која се слушало плачење и вресоци и затекнал ужасна глетка. Тригодишното девојче било во пламен. Тој веднаш фрлил ќебе врз детето.
Евард тогаш рекол дека тоа се негови деца и дека може со нив да прави што сака. Додал и дека неговата помлада ќерка е премногу убава и затоа ја запалил.
Херберт го призна злосторството, но се бранеше дека тогаш бил непресметлив. Нему му се суди за обид за убиство, закани кон партнерката за убиство. Девојчето се здобило со тешки изгореници на лицето и горниот дел од телото и ќе и останат лузни за цел живот. За опоравување и се потребни уште неколку операции и третмани со ласер.
Ново на Сител
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Трет ден потрага по Данка, родителите повторно во станица
-
Предизборно финале – партиите ги финализираат листите
-
Стариот парламент ќе инаугурира нов шеф на државата - конститутивна седница за новите пратеници на 28 мај