Татко и син заработија кривични пријави за шверц на оружје и дрога
СВР Скопје поднесе кривични пријави против шеесет и двегодишниот Ж.Ѓ. и неговиот син Г.Ѓ. (27) осомничени за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниви по член 396 и член 215 од Кривичниот законик на Република Македонија.
Како што соопшти МВР, на 22 ноември, годинава, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес на две локации.
-При првиот претрес во село Кучково во викендица сопственост на Ж.Ѓ. биле пронајдени и одземени ќеса со марихуана, еден пиштол, еден сигнален пиштол, куршуми различен калибар, една рачна бомба и др. При вториот претрес извршен на улица „Милан Зечар“ во Скопје, каде што престојува лицето Г.Ѓ., син на Ж.Ѓ., биле пронајдени и одземени марихуана и 29.000 денари, наведуваат од МВР.
По извршените претреси, двајцата биле лишени од слобода и задржани во полициска станица
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата