Македонија
21. October 2018 - 18:09

Татко и син среде улица во Гостивар нападнале сообраќаен полицаец кој ги запрел

Вчера во 19,30 часот во Гостивар на булеварот “Браќа Ѓиноски“ при превземање на службени дејствија од областа на сообраќајот од страна на полициски службеници при контрола на возач Е.З.(25) од Гостивар кој управувал патничко моторно возило “Ауди“ со гостиварски регистерски таблици, совозачот од истото возило, неговиот татко С.З. (50) од Гостивар, започнал вербална расправија, а потоа физички го нападнал едниот полициски службеник.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.