Македонија
22. October 2018 - 11:05

Татко и син приведени, еве што пронајде полицијата во нивниот дом во Тетово

Вчера во 09,00 часот од страна на полициски службеници од СВР-Тетово со судска наредба бил извршен претрес во домот и помошните простории на А.И.(26) од Тетово.

При претресот во собата на неговиот татко Д.И.(54) бил пронајден пиштол марка ,,Екол-Туна‘‘ модел 635 и рамка за истиот, кои ги поседувал без одобрение.

Пронајдениот пиштол и рамката се одземени и предадени за понатамошна постапка, а А.И. и Д.И. се приведени во полициска станица и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.