Живот
1. November 2018 - 21:39

Татко и син канибали свариле и изеле делови од полицаец: Главата ја чувале на тераса, а телото го фрлиле покрај зграда во Украина

Кога преплашените жители на украинскиот град Салтивка нашле обезглавено тело крај една станбена зграда, не можеле да претпостават за какво злосторство станува збор.

Отворените рани нанесени од нож по нозете и градите укажувало дека се сечени делови месо.

Многу брзо се утврдило дека татко и син всушност се канибали, а во кутија на нивната тераса пронајдена е и главата на 45-годишниот полицаец.

Полицијата, која ги уапсила монструмите не ги навела ниту нивните имиња, ниту пак идентитетот на жртвата.

На објавеното видео се гледа како полицијата и форензичарите носат обезглавено тело од подрумот на зградата кое биле покриено со кеси за ѓубре.

Како што се гледа, таткото и синот, блечени само до пола, се уапсени во нивниот стан.

“Кога погледнав прв пат, ми се причини дека телото е без глава. Погледнав повторно и навистина беше така“, рече една од исплашените станарки Александра Гребејник.

Жртвата е поранешен полицаец, кој исчезнал од својот стан на 4. октомври. Пред тоа е виден како пие во друштво на двајца мажи. Утврдено е дека е убиен со убод во вратот.

Синот (20) раскажал дека неговиот татко сечел „месо“ од нозете и ребрата и го сварил. Потоа го изеле.

Телото го исфрлиле од станот, зошто, како што навеле, им доаѓале роднини кои останале кај нив неколку дена. Главата, меѓутоа ја задржале во кутија на терасата.