Македонија
12. October 2016 - 15:36

Татко и малолетен син осомничени за злоупотреба на лични податоци

Татко и неговиот малолетен син од тетовското село Брвеница се осомничени од полицијата како сторители четири кривични дела „злоупотреба на лични податоци“,  информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци С.А.(51) и неговиот шеснаесетгодишен син се сомничат дека во јуни и август годинава на социјалната мрежа „Фејсбук“ креирале 5 лажни профили на кои прибирале, обработувале и користеле лични податоци од три жителки од Брвеница.

- Истовремено на име на две други женски лица од истото село осомничените активирале  пет сим-картички за мобилен телефон преку еден од мобилните оператори во нашата земја. За овие дела против осомничените е поднесена кривична пријава за злоупотреба на личните податоци, рече Јосифовски.