Македонија
6. February 2018 - 11:11

Татко и ќерка (18) тешко повредени, во нивното запрежно возило удри „голф“

Вчера во 18,20 часот на регионалниот пат Тетово-село Волковија, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Голф“ со хрватска национални ознаки, управувано од М.Д.(24) од село Радиовце, и запрежно возило во кое биле лицата А.М.(71) и С.М.(18), двајцата од село Челопек.

По незгодата лицата од запрежното возило се пренесени во Клиничка болница Тетово, каде им се констатирани тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош како итни случаи се префрлени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. 

Извршен е увид на местото на настанот.