Балкан
14. December 2017 - 22:12

Татко и двајца синови војувале на три различни страни во Босна: Мојата приказна треба да ја знае целиот свет… сите се мртви

Зоран Лакета од Мостар, со својот брат и татко војувал на три различни страни и денес е единствениот кој што успеал да ја преживее војната. Својата трагична приказна тој одлучи да ја сподели со светот.
 
50-годишниот Зоран Лакета од Мостар е единствениот преживеан во војната во која што тој, неговиот татко и неговиот брат се бореле на три различни страни.
 
„Се викам Сабахудин, Зоран или Ранко, се презивам Лакета. Сите овие три имиња имаат исто значење, затоа што сите тројца од нив се родени рано на сабајле, во зори или за сабах“, ја раскажува својата трагична приказн Зоран кој што учествувал во војната на свои 25 години и од тогаш неговиот живот повеќе не е ист.
 
„Мојата приказна треба да ја знае целиот свет. Мојот брат беше во армијата на БиХ, јас бев во ХВО, а мојот татко беше мобилизиран од страна на војската на Република Српска. Треба да се знае дека ние сме од иста куќа, ние бевме најобично работничко семејство кое што се бореше на три различни страни“, вели Зоран кој што додава дека патриотизмот не бил нивниот идеал.
 
 
Тој раскажува за животот во Мостар пред војната, вели дека не се случило да биде празник Божиќ, Велигден или Бајрам, а тој да не ги посетил соседите, или пак тие него и неговото семејство. А потоа, вели дека некој побарал од нив меѓусебно да се мразат, да се убиваат во „братоубиствена војна“.
 
„Имав само еден брат, еден татко и една мајка. Тие за жал денес се мртви, а јас, еве, малку сум жив“, раскажува Зоран.
 
Нговиот брат Гордан имал 24 години кога загинал на 6-ти август 1993-та година. Настрадал од минофрлачка граната лансирана од позициите на ХВО во близина на Мостар, во чии што редови бил токму тој, Зоран. За смртта на неговиот брат слушнал после седум дена, преку Радио Мостар.
 
„Не можев да поверувам во тоа што го слушав. Ми доаѓаат пријатели, ми изразуваат сочувство и тогаш дури станувам свесен. Не можеш да одиш на погребот на твојот брат, не можеш да ја видиш својата мајка која што го загубила едниот син“, раскажува тој.
 
На крајот од своето интервју за “N1”, Зоран испраќа порака до сите народи во Босна и Херцеговина, но и до соседните земји: „Дај Боже ова никогаш и на никого да не му се случи и повтори“.