Македонија
1. January 2022 - 17:12

Татко го пријавил 19-годишниот син во полиција поради агресивно однесување и закани кон семејството

На 01.01.2022 полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Т.(19) од с.Теарце, постапувајќи по пријава од неговиот татко, според која околу 02.00 часот во семејниот дом се однесувал агресивно, упатувал закани кон членови на семејството и оштетил предмети во домот, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.