Тасевска: На прав пат сме да обезбедиме повисоки плати и повеќе пари кај граѓаните
На прав пат сме да обезбедиме повисоки плати и повеќе пари кај граѓаните. Повторно ја зголемуваме минималната плата, овој пат на историски највисоки 14.500 денари.
Тоа е за 2.000 денари повеќе од досегашниот законски минимум од 12.507 денари.
Кога во 2107 година ја презедовме власта, минималната плата кожарската, текстилната и чевларската индустрија таа изнесуваше само 9.000 денари. Работниците во овие индустрии со години беа дискриминирани.
ВМРО-ДПМНЕ со години парите на граѓаните ги трошеше на барок и споменици, додека работниците добиваа недостоиствени плати за нивниот труд.
Ние таа социјална неправда ја исправивме. Ја покачивме минималната плата и таа е еднаква за сите, вклучително и за работниците во кожарската, текстилната и индустријата за чевли.
Со новото зголемување, платите во овие индустрии за само три години растат за 5.500 денари. Тоа е зголемување за над 60 отсто.
Во апсолутни бројки, тоа значи над 60.000 денари повеќе на годишно ниво кај секој работник.
Ваквиот значителен раст на минималната плата се темели на реални економски параметри со што обезбедуваме повеќе пари во семејствата, но и поттикнуваме дополнителен раст на останатите плати.
Почитувани,
Концептот на повеќе пари кај граѓаните е суштински и дава реални резултати. За нас секој работник е важен!
Како одговорна партија остануваме на правиот пат на економски раст и повеќе пари во секое семејство.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово