Македонија
17. January 2018 - 16:28

„Таргет – Тврдина“ одложен во март

Стартот на судскиот процес Тврдина-Таргет на Специјалното обвинителство е одложен за 27 март. Неизвесно е дали до овој датум обвинетите Горан Грујевски и Никола Бошковски ќе бидат екстрадирани во земјава или ќе им се суди во отсуство.

Нивниот адвокат вели дека одлуката за екстрадиција е веќе обжалена, но одговор од судските власти во Грција се уште нема.

Василев вели дека засега не е потврдена ниту информацијата дека македонските судови ќе го превземат предметот за фалсификуваните пасоши со кои екс-разузнавачите беа фатени на солунскиот аеродром.

Судски преведувач од грчки на македонски јазик е пречка и за постапување по барањето на Грујевски и Бошковски за политички азил. Засега нема датум кога грчките власти ќе одлучуваат за ова барање.

 Во земјава двајцата екс-разузнавачи се обвинети во предметот Тврдина-Таргет на СЈО за масовното нелегално прислушување. Покрај нив со обвинението се опфатени и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, екс-министерката Гордана Јанкуловска и 7 лица вработени во управата.