Македонија
27. July 2017 - 19:04

Таравари во живо од САД на Фејсбук откри која е мистериозната болест која однесе два животи во гостиварско

Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести и во текот на денешниот ден внимателно ги следеше случувањата поврзани со двата смртни случаи на пациенти со тешка акутна прогредирачка форма на фебрилна болест со мултиоргански засегање. Во тек на вчерашниот ден, стручни екипи од Институт за јавно здравје и Центарот за јавно здравје тетово, излегоа на терен во с. Симница, извршија комплетен епидемиолошки увид и анкета, извршена е дератизација и дезинсекција во домовите и другите придружни објекти на починатите, земени се мостри за анализа за водата за пиење, извршено здравствена едукација на населениото за симптомите на болеста и превенција од истата.
Во тек на денешниот ден, посочените стручни екипи заедно со Агенција за храна и ветерина, ги продлабочија надзорите на пошироката околина, влучително и бачилото каде што престојувале дел од засегнатите.
Екипата на Министерството за здравство со претставници од Инфективна клиника, го посетија инфективното одделение при Општа болница Гостивар, при што обавија стручно методолошки консултации со медицинскиот персонал.
Штотуку ги добивме резултатите од анализите, за двајцата починати пациенти, при што со високо сензитивните техники е потврден етиолошкиот агенс-Хантан вирус, најчест причинител на акутни хеморагични трески со бубрежен синдром во овој регион. Ве известуваме дека ова заболување не се пренесува од човек на човек. Министерството за здравство и понатаму ќе ја следи ситуацијата, соопшти денеска во живо преку Фејсбук, министерот за здравство д-р Арбен Таравари.