Македонија
8. November 2018 - 16:15

Таравари смета дека трагичниот настан во Гостивар се политизира - кој влече шаховски фигури на политичка табла, не кажува

Гостиварскиот градоначалник жали за загубата на 17-  годишната  Џејха но смета дека случајот станал предмет на политички игри.

Таравари согласно неговите сознанија тврди дека првичните информации за трагедијата се неточни  и повика медиумите да извршат увид во полицискиот записник и да бараат одговори од институциите.

Таравари сомнежите ги заснова и на фактот што таткото на девојчето требало да присуствува на пресот но повеќе од 3 часа бил задржан во полиција од непознати причини.

Од МВР за сител велат дека родителот на загинатата не бил повикан, туку своеволно дошол во станица за да го предаде мобилниот телефон од ќерка си, пронајден во близина на местото на трагедијата со цел да помогне во истрагата.

 Од  друга страна од обвинителството за Сител  велат дека врз основа на двајца  очевидци ученичката била нападната од кучиња, бранејќи се таа замавнала и со својата чанта и почнала да трча. Бегајќи таа се лизга и паѓа во Водите на Вардар.

Очевидецот пред надлежните раскажал дека тој го забележат настанот од спротивната страна на реката, потрчал кон неа  да помогне при што му се придружило уште едно лице. Се обиделе да ја спасат но било предоцна и веднаш повикале полиција и брза помош.

Тарави проблемот со бездомните кучиња го затекнал од претходната власт и за една година успеал да се справи со дел од нив.

Ветеринарната комора пак се огласи и бара строги казни за неодговорните сопственици. Според нив до сега биле третирани само последиците а општините воопшто не ги исполнуваат своите обврски.

По трагичниот настан во гостивар, Владата донесе одлука за измена на регулативата за поефикасно справување со бездомните животни.

Активистите пак тврдат дека и актуелните закони се добри но се  нема политичка волја да бидат спроведени.