Македонија
22. јуни 2018 - 16:25

Таравари отвори училиште со табла само на албански јазик, спротивно на законот

Училиштето во Форино доби табла само на албански јазик. На свеченото отворање присуствуваше градоначалникот на Гостивар. Спротивно на законот оваа образовна установа нема натпис на македонски јазик.

Директорот на државниот просветен инспекторат за Сител вели дека немаат надлежност да интервенираат а  доколку некој испрати претставка до нив, тие ќе ги преземат соодветни мерки.

Градоначалникот Арбен Таравари кој со училиштето се пофали на својот профил на социјалните мрежи, вели дека и  самиот бил изненаден од таблата.  Тој обвини дека натписот на училиштето е  поставен од претходната власт.

Од државниот локален инспекторат реакција нема, тие не се достапни за одговор.

Законот предвидува на сите табли на државни институции името да биде впишано задолжително на македонски јазик.

Сличен ваков случај е таблата на основното училиште во Чаир, Конгреси и манастири кое наместо да биде напишано и на македонски како Битолски Конгрес, на таблата има само транскрипт на кирилица . И за овој случај имаше голем број реакции од лингвисти, граѓани, но инспекторат не интервенираше.