Тантуровски: ДКСК постапува по сите пријави без исклучок
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) не може да отвори предмети и да работи по сите наводи што стигнуваат до неа. Работи и постапува, пред се, по предмети кои укажуваат дека има вистинска корупција во државните органи.
Ова го истакна претседателот на ДКСК Игор Тантуровски, одговорајќи на новинарски прашања по денешната конференција за завршувањето на проектот „Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата“.
- ДКСК постапува по сите пријави кои ги добива од граѓаните, анонимните пријавители и пријавители кои се претставуваат со име и презиме. Постапува по сите, без исклучок, подвлече Тантуровски.
Според него, моментно има многу предмети кои се однесуваат на предизборниот и изборниот период и сите се работат паралелно и во континуитет.
- Точната бројка на предметите од оваа година не можам да ја кажам зашто работиме и на предмети од лани, но можам да кажам дека е доста голема. Бројките обично доаѓаат на крајот од годината, со завршниот извештај, рече претседателот на Комисијата.
На прашањето дали можат лидери на партии да најавува инвестиции и работни места, Тантуровски одговори дека ДКСК не е надлежна да даде такво мислење.
Во однос, пак, на тоа дали Државната комисија за спречување на корупцијата ќе постапува по предметите на Специјалното јавно обвинителство, Тантуровски нагласи дека се постапува и ќе се постапува согласно она што ќе биде доставено и согласно законите.
Претседателот на ДКСК информира дека минатата недела се одржала конференција за финансирањето на изборните кампањи и политичките партии. Во фоуксот биле методологијата на проверка и начинот на кој треба да се финансираат кампањите.
- Укажано беше, пред се, на транспарентноста на финансирањето на политичките партии и на кампањите. Во делот на финансирањето на изборните кампањи, ДКСК има надлежност откако изборите ќе завршат. Тогаш се проверуваат извештаите кои политичките партии се законски должни да ги достават. Се случува овие извештаи да не се достават до Комисијата, но ние постапуваме согласно законските надлежности и поднесуваме соодветни пријави, објасни Тантуровски.
Ново на Сител
-
Семејното насилство станува скоро секојдневие, а службите бараат поголеми мерки за негово спречување
-
Три училишта во Босилово почнаа сами да произведуваат струја
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Софија средба на историчката комисија - Се разговарало за евентуални заеднички чествувања и дискусии за учебници
-
Тема на денот со Коце Трајановски, Директор на ЈП државни патишта
-
Одземени спорните записници од Судски, Мицкоски најавува десетици други акции
-
Обвинителството собира докази за Груби и Беџети
-
Евроабасадорот Рокас ги поддржува активностите за расчистување со корупцијата