Тантуровски: ДКСК дава мислења само за итни барања за вработувања
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) издава позитивно мислење за вработување по распишување на избори само доколку до неа стигне барање од некоја од институциите дека тоа е итно и недоложно, согласно Изборниот законик, изјави денеска претседателот на Антикорупциска Игор Тантуровски одговарајќи на прашање дали Комисијата издала мислење за вработување на двајца советници во Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов.
- Сега конкретно, барањето го немам тука за да видиме какво било барањето и како ние сме одговориле. Ако сме одговориле позитивно на тоа претпоставам дека во барањето стоело итни и неодложни работи. Ако одговорот бил позитивен ние секогаш кажуваме дека во тој случај мора да се води сметка за член 8-а став 1 алинеја 4 од Изборниот законик - вработувања, преземања во изборниот процес можат да бидат само во итни и неодложни работи, вели Тантуровски.
ДКСК, посочи Тантуровски, не може да ги знае потребите на секоја институија одделно. Тие носат своја одлука со која потоа од Агенцијата за вработување може да поднесат барање за вработување.
- Ние секогаш тоа го ставаме како услов, но условот ние не можеме да го провериме, рече Тантуровски, по денешната јавна седница на Антикорупциска.
Ново на Сител
-
Излезеноста во Куманово до 15 часот 33 проценти, во Липково 25, во Старо Нагоричане 35
-
Излезеноста на изборите до 15 часот во Дебар 22, во Центар Жупа 13,11 отсто
-
Во Новаци гласале повеќе од половина жители, најмала излезност во Центар Жупа
-
Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто
-
24-годишна девојка нападната од нејзиниот невенчан сопруг
-
Силувана малолетничка во Шуто Оризари
-
Во Крива Паланка излезноста до 13 часот е 42,08 отсто
-
Излезноста до 13:00 часот во Делчево и М.Каменица се движи од 24 до 29 отсто