Танјуг: СПЦ за обнова на дијалогот со македонската црква
Светиот архиерејски собор на СПЦ донел одлука да ги обнови преговорите за решавање на статусот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) и да ги продолжи разговорите за тоа со нејзини претставници, јави Танјуг цитирајќи ја „Политика“.
Српскиот весник, повикувајќи се на извори од врвот на СПЦ, информира дека прашањето за МПЦ-ОА вчера било единствена тема на претпладневното заседание на највисокото црквено тело.
Како што пренесе Танјуг, со спроведувањето на одлуката за продолжување на дијалогот со МПЦ-ОА, СПЦ ќе се занимава после заседанието на Соборот, Светиот архиерејски синод на СПЦ.
Неименуван извор за „Политика“ изјавил дека „српската црква не сакала да иницира обновување на дијалогот со Македонците се додека Јован Вранишковски бил во затвор“. „Тој, меѓутоа, е пуштен на слобода во 2015 година и учествува и на овој, како и на неколку претходни заседанија на Соборот на СПЦ, заедно со владиките на Православната охридска архиепископија, која је под закрила на српската црква“, пишува Танјуг цитирајќи го белградскиот весник
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација